Дома Топ вести Валверде отпиша 5 фудбалери – Еве кој си заминува од Барса!

Валверде отпиша 5 фудбалери – Еве кој си заминува од Барса!

0 секунди
0
3,702

Фудбалерите на Барселона утре ја започнуваат новата сезона и тоа со Ел Класико против Реал Мадрид во рамките на Суперкупот на Шпанија.

Барселона зад себе имаше прилично успешни подготовки во кој не доживеа пораз, но конкурентниот натпревар против лутиот ривал е сосема нешто друго. Ернесто Валверде на официјални натпревари на клупата на Барса ќе дебитира токму против Реал, и тоа ќе биде најдобар показател колку успеал да го подготви тимот за новата сезона.

Секако, најголем проблем на Барса е тоа што клубот го напушти еден од најдобрите играчи Нејмар, и тоа што управата на клубот се уште не успеа да доведе замена за него. Валверде ќе мора да смета на другите играчи, а пет од нив сигурно ќе бидат отстранети за остатокот од сезоната.

Барселона има намера да ги продаде Арда, Даглас и Вермален ова лето, а веќе има интерес за овие играчи. Од другата страна, Мунир и Сампер најверојатно ќе си заминат на позајмица, но постои можност Сампер да се врати во Барса Б доколку се согласи на таа опција.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе V. T.
Load More In Топ вести

Проверете

Каталонија „ГОРИ“: Гвардиола доаѓа по Меси, „граѓаните“ спремни да ја платат клазулата!?

Неверојатни вести пренесуваат островските и каталонските медиуми, управата на Манчестер Си…