Дома Македонски спорт Мак фудбал Битола слави, трофејот „Под Тумбе Кафе“!

Битола слави, трофејот „Под Тумбе Кафе“!

0 секунди
0
1,175

Денеска со почеток во 17 часот се одигра финалето од македонскиот куп помеѓу екипите на Шкендија и Пелистер.

Во натпревар во кој свои шанси имаа и двете екипина Пелистер славеше, после подоброто изведување на пенали.

После првото полувреме мрежите мируваа. Во вториот дел, поради недоличното скандирање на навивачите имаше прекин од десетина минути. Веднаш после прекинот екипата на Пелистер создаде фантастична шанса, да погоди преку Илијоски но голманот Захов беше на висина задачата.

Битолчани повторно преку Илијоски имаа одлична можност овој пат во првото продолжение, но сепак напаѓачот не реализираше. Шкендија се закануваше преку Хасани, сепак погодоци немаше.

После пенал серијата, се радуваа битолчани.

 

Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Мак фудбал

Проверете

Лига Европа: Шкендија успеа, Работнички не

Шкендија ќе игра во третото квалификациско коло во Лига Европа, откако во двомечот успеа б…