Дома Фудбал Италија Белоти сака да си оди – Милан или Челзи?

Белоти сака да си оди – Милан или Челзи?

0 секунди
0
1,699

Андреа Белоти е еден од најбараните напаѓачи моментално во Европа, но раководството на Торино не попушта и бара да биде платена неговата откупна клаузула од 100 милиони евра.

Меѓутоа, италијанските медиуми пренесуваат дека „Петелот“ сака да се пресели во поголем клуб и дека побарал од раководството да биде продаден ова лето.

Најсилен интерес за неговиот потпис покажуваат Милан и Челзи, но и двата клуба не се спремни да платат 100 милиони евра колку што бара претседателот на Торино.

Милан и Челзи се спремни да платат помеѓу 60 и 70 милиони евра, а наводно Белоти сака да остане во Италија и преферира преселба на „Сан Сиро“.

Белоти го немаше на официјалната слика со која беа презентирани дресовите за следната сезона, па останува да видиме како ќе реагира Торино и дали „Петелот“ ќе ја промени средината ова лето.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Италија

Проверете

Нов шмекерски потег на Јирген Клоп: Ова е една од причините поради кои жените паѓаат на него (Видео)

Во второто коло од ЛШ, Ливерпул ќе гостува кај Спартак во Москва, а токму во пресрет на то…