Дома Топ вести Барса тргна во акција: Спреми 60 милиони за ѕвездата од Премир лигата!

Барса тргна во акција: Спреми 60 милиони за ѕвездата од Премир лигата!

0 секунди
0
637

Филипе Кутињо сеуште се опоравува од незгодната повреда и наскоро се очекува да се врати на терените и да му помогне на Ливерпул.

Барселона веќе подолго време покажува интерес за Кутињо, а и неговиот сонародник Нејмар го убедил раководството да инвестираат во Бразилецот.

Англиските медиуми тврдат дека Кутињо ќе биде трансфер цел број еден на Барселона за следното лето и дека Каталонците спремиле 60 милиони фунти за да го убедат Ливерпул да го пушти.

На „Кам Ноу“ во Кутињо гледаат идеална замена за Ракитиќ кој најверојатно на крајот на сезоната ќе ја напушти Барселона.

Меѓутоа на Каталонците воопшто нема да им биде лесно да го убедат Ливерпул да ја пушти својата ѕвезда, бидејќи Јирген Клоп ќе направи се за да го задржи Кутињо на „Енфилд“.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Топ вести

Проверете

Џеко и Пероди му приредија победничка „журка“ на Тоти за збогум од Рома

Последниот меч на Франческо Тоти во дресот на Рома и веројатно во кариерата заврши успешно…