Дома Трансфер зона Арсенал испрати понуда од 30 милиони евра за фудбалерот на Барселона

Арсенал испрати понуда од 30 милиони евра за фудбалерот на Барселона

0 секунди
0
2,252

Како што пишуваат медиумите на Островот, фудбалскиот клуб Арсенал, кој после многу години не успеа да се квалификува за настап во Лигата на Шампионите испрати понуда од 30 милиони евра на Барселона за Арда Туран.

Менаџерот на англискиот клуб, Арсен Венгер во Туран ја гледа одличната замена за Месут Озил, кој се уште не го продолжи договорот со клубот.

Турскиот фудбалер се наоѓа на трансфер листата на Барселона, а 30 милиони евра делуваaт како сосема пристојна сума за која каталонскиот клуб би се согласил за играчот за врска.

Туран е во Барселона од летото 2015. година, а пристигна од Атлетико Мадрид за 36 милиони евра.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе V. T.
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса има ново засилување – фановите разочарани

Како што пренесува каталонски „Спорт“, Барселона има ново засилување кое пристигнува од Бр…