Дома Фудбал Германија Анчелоти: Лајпциг? Парите не се најважни за успех!

Анчелоти: Лајпциг? Парите не се најважни за успех!

1 секунди
0
984

Лајпциг е најпријатно изненадување оваа сезона во Бундес лигата, па на почетокот на сезоната никој не претпоставуваше дека дуелот од 16-то коло против Баерн ќе биде меч помеѓу првиот и вториот на табелата.

Тренерот на Баварците, Карло Анчелоти смета дека парите не се секогаш пресудни за успех и дека во фудбалот многу поважна е организацијата и мотивацијата.

„Парите не се најважна работа за успех во фудбалот. Парите се важни, но многу поважна е организацијата, мотивацијата и атмосферата која се создава во клубот“.

„Лајпциг игра машки фудбал, со јак ритам, но ние мораме да ја играме нашата препознатлива игра без оглед на протувникот. Имаме свој стил, ја контролираме играта и играме исто без разлика на карактеристиките на противникот“, истакна Анчелоти.

Баерн кој е лидер на табелата утре го пречекува Лајпциг во рамките на 16-то коло од Бундес лигата.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Германија

Проверете

Видео: Мајсторијата на Барди не беше доволна, пораз за крај на ЕП

Денес со почеток од 20:45 часот Македонија го одигра последниот натпревар од групната фаза…