Дома Фудбал Лига на шампиони Анчелоти: Испаднавме од Реал поради судиски грешки, потребна е видиотехнологија!

Анчелоти: Испаднавме од Реал поради судиски грешки, потребна е видиотехнологија!

0 секунди
0
605

Тренерот на германскиот шампион Баерн Минхен, Карло Анчелоти, ја повика УЕФА да воведе видеоснимки, како дополнителна помош за судиите, на натпреварите во Лигата на шампионите и Лига Европа, повторуваќи дека неговиот тим бил елиминиран од Реал само поради судуските грешки.

„Постојат добри и помалку добри судии. Секој греши, но тоа не смее да се случува на вака високо ниво. Во четвртфиналето ни беше направена голема неправда. Во историјата ќе влезе дека Реал го победил Баерн, но она што се случуваше во реваншот во Мадрид го виде целиот свет. Потребно е да се воведе видеотехнологијата, тоа е неопходно за вака важни натпевари. Сметам дека неправедно бевме елиминирани од Реал“, истакна Анчелоти.

Анчелоти, кој во периодот од 1999 до 2001 година го тренираше Јувентус, а од 2013 до 2015 година беше тренер на Реал, не сакаше да открие за кого ќе навива во финалето.

„Моите симпатии ќе ги добие тимот кој ќе игра подобро. За мене Буфон е посебен играч, а Реал не е само Роналдо“, истакна Анчелоти.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Џеко и Пероди му приредија победничка „журка“ на Тоти за збогум од Рома

Последниот меч на Франческо Тоти во дресот на Рома и веројатно во кариерата заврши успешно…