Дома Фудбал Италија Анегдота која најдобро ја покажува големината на Зидан!

Анегдота која најдобро ја покажува големината на Зидан!

0 секунди
2
2,662
Loading...

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е еден од најголемите фудбалери во историјата на фудбалот. Популариот Зизу во кариерата освои се што можеше да се освои и три пати ја доби „Златната топка“.

За Зидан се напишани многу текстови и снимени филмови, но анегдотата од Зоран Мирковиќ најдобро ја опишува големината на овој фудбалер.

Имено, поранешниот српски репрезентативец во 1998 година од Аталанта се пресели во Јувентус и првиот тренинг со Зидан ќе го памети цел живот.

„Трчавме многу со панцири од десет килограми, а пред крај на тренингот се поделивме во две екипи и почнавме да играме фудбал“, раскажува Марковиќ.

Кога тргнал да го нападне Зидан не знаел што го снашло, два пати му ја протнал топката низ нозе. Тренерот Марчело Липи го прекинал тренингот и го тргнал на страна Марковиќ да му објасни.

„Ти си нов па не знаеш, овој овде е Зидан. Ние него овде не го напаѓаме. Ти само покривај ја својата страна од теренот, а него остави го да игра тоа што го игра. Немој да те прави будала постојано“, му рекол Липи на Марковиќ.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Италија

Проверете

Ги излуди Роналдо и дружината: Најдобриот голман во историјата на Ел Класико!

Марк Андер тер Штеген неоправдано остана во сенка на Лео Меси после величенствената победа…