Дома Останати Ана Ивановиќ стави крај на кариерата!

Ана Ивановиќ стави крај на кариерата!

0 секунди
0
627

Српската тенисерка Ана Ивановиќ на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави дека става кај на својата кариера.

Поранешната број 1, 29-годишната Ивановиќ, реши да се повлече од професионалниот тенис поради неможноста и натаму да се натпреварува на највисокото ниво.

Ивановиќ минатата сезона поради проблеми со повредите одигра само 15 мечеви.
Најголемиот успех во кариерата го оствари во 2008 година кога на терените на Ролан Гарос го освои својот прв и единствен грен слем турнир. По освојувањето на Ролан Гарос таа беше прва на ВТА листата. На првото место се задржа 12 недели.

Во кариерата Ивановиќ освоила 15 титули и заработила 15,510,787 долари.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Останати

Проверете

Червар пред жребот: Само не Македонија!

Вечерва ќе бидат извлечени групите за Европското првенство во ракомет, чиј домаќин од 12 д…