Дома Фудбал Италија Алегри и Јувентус се разделуваат на крајот на сезоната!

Алегри и Јувентус се разделуваат на крајот на сезоната!

0 секунди
0
1,873

Еминентниот италијански весник „Газета дело Спорт“ пренесува дека по завршувањето на сезоната најверојатно ќе следи разделба помеѓу Јувентус и тренерот Масимилиано Алегри.

Поразот во Суперкупот на Италија донесе неочекувани проблеми во таборот на најтрофејниот италијански тим. Според медиумите од Апенините, се случил неочекуван раздор меѓу тренерот Масимилијано Алегри и челниците на клубот.

Се тврди и дека тренерот е во затегнати односи со некои од фудбалерите, па може да дојде до разделба на крајот на сезоната.

Најголемо значење за конечната одлука ќе има настапот во Лигата на шампиони, бидејќи раководството бара исчекор во тоа натпеварување после големите засилувања кои ги донесе ова лето.

Ако Алегри навистина одлучи да си замине во текот на летото, најверојатен негов заменик се очекува да биде сегашниот тренер на Фиорентина, Паоло Соуса, а како алтернатива се споменува и тренерот на Сасуоло, Еусебио ди Франческо.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Италија

Проверете

Крај на сагата: Насри заминува во Турција

Некогашниот француски репрезентативец, Самир Насри кариерата ќе ја продолжи во Турција. На…