Дома Фудбал Лига на шампиони Ако го мине Малме, Вардар ќе налета на Копенхаген во квалификациите за Лига на шампионите

Ако го мине Малме, Вардар ќе налета на Копенхаген во квалификациите за Лига на шампионите

0 секунди
0
234

Доколку успее да го мине Малме, а има реални шанси, македонскиот шампион Вардар во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите ќе игра против Копенхаген.

Вардар по првиот меч во Малме има резултат 1:1 и во реваншот му е потребна каква било победа или нерешен резултат без голови за да ја мине втората фаза.

Ако го елиминира Малме, пред Вардар ќе стои данскиот првак Копенхаген, кој во првиот меч како гостин славеше над словачка Жилина (1:3).

Копенхаген минатата сезона успеа да стигне и до фазата по групи во Лигата на шампионите каде се прикажа во одлично светло.

Данскиот шампион во група со Лестер, Порто и Бриж заврши на третото местон со девет освоени бодови, односно забележа две победи, трипати играше нерешено и загуби на само еден меч.

Двојки за третото квалификациско коло во ЛШ

Првите натпревари од третата квалификациска рунда ќе се одиграат на 25 и 26 јули, а реваншите ќе бидат на програмата на 1 и 2август. Ако се пласира понатаму, Вардар во првиот меч ќе му гостува на Копенхаген.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе A. V.
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барселона добива силна конкуренција: Реал, Челси и Арсенал, кој ќе исплати прв 40 милиони?

Младиот стопер на Ница, Маланг Сар зимата првпат се најде во центарот на вниманието на Бар…