Дома Трансфер зона Шнедерлин замина, следен е Депај!

Шнедерлин замина, следен е Депај!

Францускиот интернационалец Морган Шнајдерлин денес ги помина медицинските прегледи и наскоро официјално ќе стане играч на Евертон.

Барањата на Манчестер Јунајтед беа задоволени, па „црвените ѓаволи“ од трансферот на Шнедерлин ќе инкасираат 25 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Следен на листата кој треба да го напушти „Олд Трафорд“ е Мемфис Депај, кој не добива минутажа и инсистира да ја промени средината.

„Би-Би-Си“ тврди дека холандскиот репрезентативец е многу блиску до трансфер во Лион, а единствен проблем е цената, бидејќи на Французите им се многу 17 милиони евра иако двете страни имаат голема желба работата да биде завршена.

После продажбата на двајцата фудбалери Мурињо ќе биде активен на трансфер пазарот, а прва и најголема желба е Виктор Линделоф, но за дефанзивецот Бенфика бара 45 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“ од Италија: Рома сака големо засилување од Јувентус

Eкипата на Рома предводена од Даниеле де Роси наводно покажала голем интерес за доведување…