Дома Останати Авто Мото Трката во Абу Даби ќе биде последна за Батон и Маса

Трката во Абу Даби ќе биде последна за Батон и Маса

Светскиот шампион од 2009 година, Џенсон Батон најави дека по трката во Абу Даби ќе се повлече од Фромула 1.

„Одам кон овој викенд со мисла дека ова е мојата последна трка. Во овој момент немам желба повеќе да возам во Формула 1“, изјави возачот на Мекларен на прес конференцијата.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во текот на сезоната Батон најави дека ќе пузира наредната година, а Мекларен го задржа правото да го врати во 2018 година. Сепак 36-годишниот Британец изјави дека повеќе нема да вози.

Џенсон Батон кариерата ја започна во 2000 година, а трката в недела ќе биде 305-та во неговата кариера. Повеќе трки од него имаат возено само Рубенс Барикело и Михаел Шумахер.

Во кариерата победи на 15 трки во Формула 1, а возеше во Вилијамс, Бенетон, БАР, Хонда, Брон и Мекларен.

Покрај Џенсон Батон в недела својата последна трка во Формула 1 ќе ја вози и пилотот на Вилијамс Фелипе Маса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…