Дома Фудбал Останато Скандалозна и срамна изјава на фудбалерот на Скендербег пред натпреварот со Партизан!

Скандалозна и срамна изјава на фудбалерот на Скендербег пред натпреварот со Партизан!

Шест дена пред натпреварот од третото коло во Лигата на Европа помеѓу Скендербег и Партизан дефанзивецот на албанскиот шампин, Бајрам Јашаница даде скандолзна изјава која нема никаква врска со фудбалот.

Шампионот на Србија наредниот четврток му гостува на Скендербег во рамките од третото кол ово Групата „Б“ во најмасовното европско натпреварување.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дефанзивецот на Скендербег, Бајрам Јашаница, иначе репрезентативец на Косово порача дека натпреварот против Партизан за него има посебно значење, но не поради фудбалски мотиви.

„Пред натпреварот со Партизан играме против Лушњо во првенството и прво треба да размислуваме за овој натпревар. Додека натпреварот против Партизан секако ќе биде посебен натпревар. Сеуште се сеќаваме што правеа Србите во Косово“, изјави Јашаница.

Доколку се земе предвид што се се случуваше во двомечот помеѓу Србија и Албанија во текот на квалификациите на Европското првенство, јасно е дека ваквите провокации се очекувани.

Сепак, тажно е што спортистите си даваат за право на ваков начин да најавуваат еден фудбалски натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хит видео од прославата на Интер: Димарко се мачеше да се качи на пречката 🎥

Интер во понеделникот на „Сан Сиро“ го победи Милан со 1:2 и така ја обезбеди шампионската…