Дома Фудбал Репрезентации Просинечки го сакаат сите, а тој тврди: Јас не знам ништо!

Просинечки го сакаат сите, а тој тврди: Јас не знам ништо!

Роберт Просинечки е според пишувањето на балканските медиуми е главен кандидат за преземање на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Легендарниот Хрват во разговор за босанските медиуми откри дека немал контакти со челниците на Федерацијата на БиХ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Пред малку ми се јави еден новинар и ми кажа дека сум кандидат за селектор на БиХ. Јас за тоа не знам ништо и немам никакви контакти со Федерацијата. Тоа е се што можам да кажам“, изјави Просинечки.

Добрите резултати со селекцијата на Азербејџан во квалификациите за СП, придонесоа Просинечки да биде прв кандидат и за уште некои репрезентации од регионот.

„Ист е случајот и со Словенија. Истиот одговор е и за Хрватска. Не знам ништо. Никој не ме контактирал, знам само дека сум кандидат во јавноста и тоа е се“, додаде Роберт Просинечки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …