Дома Луд Спорт Неверојатно: Доживотна суспензија за ирански фудбалери кои играле против Макаби

Неверојатно: Доживотна суспензија за ирански фудбалери кои играле против Макаби

Иранската влада денес ги суспендира двајцата фудбалери кои настапуваат за Паниониос, Ехсан Хајсафи и Масуд Шојаеи, бидејќи биле во тимот на натпреварот против Макаби од Тел Авив.

Иран не го признава Израел и спортистите имаат забрана да се натпреваруваат против тимови или поединци од оваа земја. Според иранската влада, фудбалерите ја прекршиле државната политика.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Ја поминаа црвената линија и сигурно е дека повеќе нема да играат за националниот тим. Тие имаат финансиски договор со тимот, но да играат против претставници на тој одвратен режим е недопустливо за иранскиот народ“, изјави заменик-министерот за спорт во владата на Иран, Мохамад Реза Даварзани.

Еден од суспендираните играчи, Шоајеи, кој за националниот тим одигра 70 натпревари, пред два месеца беше на ударот на јавноста кога го прашал иранскиот претседател дали нивните сопруги ќе може да присуствуваат на натпревар во квалификациите.

Во Иран жените од 1979 година не смеат да одат на стадионите и да гледаат во живо спортски натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Дани Алвеш може да биде ослободен за неколку дена

Поранешниот фудбалер Дани Алвеш, неодамна беше неправосилно осуден на четири и пол години …