Дома Топ вести „Кармата е кучка“ поради Мундијалот го ПРЕДАДЕ Исланд и стана Американец!

„Кармата е кучка“ поради Мундијалот го ПРЕДАДЕ Исланд и стана Американец!

Иронијата и нешто навистина чудно.

Во 2013 година на овој фудбалер сигурно ниту на крај памет не му паѓало, она што пред некој ден се случи дека фудбалската репрезентација на Исланд ќе прерасне во сериозна европска селекција.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Станува збор за Арон Јохансон кој сакаше се и тоа веднаш. Повикот од Јирген Клинсман го дочека со раширени раце. Извади американски пасош и статусот на млад репрезентативец на Исланд го замени со гарантиранот место националниот тим на САД.

„Моите шанси да заиграм на Светското првенство ќе бидат значително поголеми во американската репрезентација“, се правдаше тогаш Јохансон додека Исланѓаните кои не се навикнати на такви случаи го нарекуваа предавник.

И навистина, веќе во 2014 година Јохансон заигра на Мундијалот во Бразил. Американските медиуми во прв план го истакнуваа тоа што е роден во Алабама и дека фудбал започнал да игра во Ај-Ем-Џи академијата во Бредентон. Не сакаа да зборуваат за тоа дека всушност целиот негов фудбалски талент тој го разви во Исланд.

Меѓутоа, ниту самиот Јохансон не можеше да претпостави дека поради тој еден натпревар на Светското првенство во 2014 (играше само против Гана откако во 23 го замени Жози Алтидор) ќе мора во своите најдобри играчки денови да ги пропушти Мундијалот во 2018, но и Европското првенство во 2016 година. Никој тогаш не веруваше дека Исланд може да се квалификува на две големи фудбалски натпреварувања во низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер ја менува стратегијата со Инзаги

Се очекува тренерот на Интер, Симоне Инзаги да го продолжи договорот, а раководството на к…