Дома Фудбал Италија Како дете на школо одеше со ранец од Милан, а денес го носи дресот на Шевченко

Како дете на школо одеше со ранец од Милан, а денес го носи дресот на Шевченко

Ова лето на „Сан Сиро“ пристигна хрватскиот репрезентативец Никола Калиниќ и при пристигнувањето изјави дека ги одбил сите останати понуди бидејќи од мали нозе навива за Милан.

Денес „Скај Италија“ направи сторија со неговото семејство во Сплит, кои покрај за Хајдук, целиот живот навиваат за гигантот од Милано.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Целото семејство сме големи навивачи на Милан. Се сеќавам кога Никола имаше 10 години му купивме ранец од Милан за роденден кој и денес стои во нашата куќа заедно со неговите трофеи и фотографии. Тој имаше богати понуди од Кина и Англија, но сакаше во Милан и со тоа ги остари нашите соништа. Седумката која моментално ја носи значи многу, Шевченко беше еден од моите омилени фудбалери. Прекрасно е да го гледам синот во дресот на Милан“, изјави мајката Неда.

Таткото Јожо откри дека не очекувал дека еден ден неговиот син ќе игра за Милан.

„Искрено, не верував дека ќе стане толку добар фудбалер, иако секогаш вредно работеше. За тоа мора да се поклопат многу работи. Се сеќавам кога беше дете патувавме 6 часа со автобус до Сплит на тренинг. Така од понеделник до сабота. Ја чувам топката со која му даде три гола на Интер додека играше во Фиорентина“, изјави таткото на Калиниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…