Дома Фудбал Репрезентации Каква Германија, каков Бразил – Погледнете ги резултатите на Иран!

Каква Германија, каков Бразил – Погледнете ги резултатите на Иран!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) во машка конкуренција во последните две години организираше квалификации и завршни турнири во пет „категории“, а интересно е што гледајќи ги вкупните резултати, најмногу покажаа репрезентативците на Иран!

Иран воопшто не важи за фудбалска велесила, но кога ќе се земат предвите резултатите на сите машки селекции од оваа земја се добива малку поинаква слика за фудбалот во оваа земја. Дури пет клуб од Иран во 2016 и 2017 се пласираа на исто толку завршни турнири на ФИФА, а тоа не и успеа на ниту една друга земја во светот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иранците на Светското првенство Русија се пласираа како први во кавлификациите во Азија, а на светско ниво се втори, веднаш зад Бразил. Тимот на селекторот Карлос Кеирош во Групата „А“ oд азиските квалификации имаше шест победи и четири нерешени средби со гол-разлика 10:2. Вкупно одиграа 18 натпревари без пораз, па на две кола пред крајот се пласира на Мундијалот, никогаш не ја поминале групната фаза, но во Русија очекуваат токму такво нешто.

Во последните две години доминираа и младите селекции на Иран. На Светското првенство до 17 години кое се одржува во Индија и ќе трае до 28 октомви, Иран веќе ја помина нокаут фазата, а во својата група забележа победа над Гвинеја (3:1) и Германија (4:0). На Мундијалот до 20 години во Јужна Кореа исто така добро започнаа, но после победата над Костарика (1:0), загубија од Замбија (4:2) и Португалија (2:1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Баерн има план: Го сака Зидан за тренер, во Минхен може да се врати и клупската легенда!

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер бидејќи Томас Тухел заминува на крајот од сезоната…