Дома Останати Тенис Енди Мареј нема да биде дел ниту од Синсинати

Енди Мареј нема да биде дел ниту од Синсинати

Најдобриот тенисер на светот, Енди Мареј потврди дека поради повреда на колкот нема да може да учествува на претстојниот мастерс во Синсинати.

Британецот е надвор од теренот уште од Вимблдон, а доколку Рафаел Надал во Монтреал стигне барем до полуфиналето, Енди ќе го загуби првото место на АТП листата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„За жал, нема да играм во Синсинати бидејќи морам да продолжам со рехабилитацијата. Секогаш сум уживал таму кај што сум играл и се радувам на кам бек следната година. Јас упорно продолжувам да се подготвувам за Ју ес Опен“, истакна двократниот освојувач на мастерсот во Синсинати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Бројките не лажат: Ова е уште еден доказ зошто Новак е најдобриот на сите времиња

Се повеќе се оние кои тврдат дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, а за…