Дома Фудбал Останато Детето кое го доби медалот од Мурињо даде ГОЛЕМО ветување!

Детето кое го доби медалот од Мурињо даде ГОЛЕМО ветување!

Малиот херој кој со својот татко патуваше 16 часови да пристигне во Скопје за да го гледа натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, на својот татко му даде навистина големо ветување.

Имено, сосема неочекувано малиот Адеџи стана вистинска ѕвезда во сите светски спортски медиуми. Неговиот татко откри дека добил огромно ветување од својот син, но и го објасни моментот кога Жозе им го подари медалот од Суперкупот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„И покрај поразот не сакавме да си заминеме, останавме да го гледаме доделувањето на медалите и да им дадеме поддршка на нашите миленици. Во еден момент забележавме дека Жозе оди кон нас, бевме збунети. На крајот тој само се испружи и го побара Адеџи за да му го подари медалот. Мислевме дека сонуваме, Адеџи само се заблагодари и него не му се веруваше што се случува“.

„Веќе во следниот момент бевме опркужени со безброј луѓе кои сакаа да не фотографираат, не сме навикнати на такво нешто, но сепак издржавме. Потоа го запрашав Адеџи како се чуствува, а тој само ми одговори: Јас, ќе ја освојам Златната топка пред да напаолнам 20 години“, открива неговиот татко Ибрахим.

Навистина огромно ветување за еден осумгодишник, останува да видиме дали навистина Адеџи има потенцијал за такво нешто или само бил понесен од огромната еуфорија која го зафатила во моментот кога големиот Жозе му го подари медалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер е нов шампион на Италија!

Тимот на Интер е новиот шампион на Италија откако го победи градскиот ривал со 2:1 во мила…