Дома Фудбал Англија Голови, луди пресврти – на крајот Ливерпул остана без два бода!(видео)

Голови, луди пресврти – на крајот Ливерпул остана без два бода!(видео)

Премиер лигата започна на фантастичен начин, па уште во првиот натпревар денес помеѓу Ватфорд и Ливерпул видовме шест гола, а двата клуба ги поделија бодовите.

Окака ги шокираше „црвените“ и го донесе Ватфорд во водство уште во 8-та минута. Мане изедначи на 1-1 по еден час игра, но Докуре одново го врати Ватфорд во водство само две минути подоцна.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во второто полувреме Ливерпул тргна фуриозно и брзо направи пресврт. Најпрво Фирмињо од пенал погоди за 2:2, а неколку минути подоцна целосен пресврт донесе Мохамед Салах.

Сепак, кога се чинеше дела Ливерпул ќе ги освои трите бода, во 92-та минута Бритос постигна гол за 3:3 и голем бод за домаќините.

Голот на Бритос во судиското продолжение предизвика полемики, бидејќи беше постигнат од сомнителна офсајд ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Обложувалниците веќе го прогласија Интер за шампион на Серија А

Обложувалницата Сисал  реши уште сега да почне да им исплаќа на оние кои се обложиле дека …