Дома Фудбал Лига на шампиони Веќе се познати 16 клубови кои ќе учествуваат во групната фаза од ЛШ следната сезона

Веќе се познати 16 клубови кои ќе учествуваат во групната фаза од ЛШ следната сезона

Иако се уште не е завршена тековната сезона во ЛШ, веќе полека се комплетира листата на клубови кои ќе учествауаат во групната фаза следната сезона.

Така се познати веќе 16 учесници кои ќе учествуваат во групната фаза од ЛШ за сезоната 2017/18. и можеме да кажеме дека знаеме половина од клубовите кои следната сезона ќе се натрпеваруваат во најелитното клупско натпреварување во Европа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанија: Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Англија: Челзи, Тотенхем, Германија: Баерн, Лајпциг, Франција: Монако, ПСЖ, Португалија: Бенфика, Порто, Русија: Спартак Москва, Украина: Шахтјор: Белгија: Андерлехт, Холандија: Феенорд, Швајцарија: Базел.

Интересно е тоа што се уште ниту еден клуб од Серија А официјално не обезбеди место во групната фаза, но во оваа листа наскоро ќе се приклучи Јувентус на кого му е потребен само еден бод во преостанатите две кола.

Овој викенд ќе добиеме одговор на прашањето кој ќе оди директно во ЛШ, а кој преку квалификации од Премиер лигата и Бундес лигата, а наскоро ќе биде познат и вториот патник од Серија А.

До лето, на овој список ќе има 21 клуб, а десет ќе се приклучат преку квалификации. Последниот, 32. учесник во ЛШ ќе биде освојувачот на ЛЕ (Манчестер Јунајтед или Ајакс).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД?

Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанс…