Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар го раскина договорот со Обрегон

Вардар го раскина договорот со Обрегон

Вардар и колумбискиот играч Џон Обрегон спогодбено ја раскинаа соработката, потврди денес македонскиот шампион на својата интернет страна.

Обрегон, на почетокто на сезоната, беше донесен како засилување во напаѓачкиот ред на актуелниот шампион но не ги оправда очекувањата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Колумбиецот одигра вкупно седум натпревари во сите натпреварувања и постигна три гола, сите во македонскиот Куп.

„Џон Обрегон од денеска не е повеќе член на ФК Вардар. Со овој фудбалер нашиот тим спогодбено го раскина договорот, и тој може да си бара нова средина. ФК Вардар му се заблагодарува на Џон Обрегон за придонесот во овие неколку месеци минати во клубот, и му посакува се најдобро во неговата понатамошна кариера“, се вели во соопштението на Вардар.

Обрегон е вториот играч со кого Вардар ја раскина соработката, претходно од клубот замина дефанзивецот Немања Мијушковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…