Дома Фудбал Италија Бонучи уште на дебито влегува во историјата на Милан

Бонучи уште на дебито влегува во историјата на Милан

Навивачите на Милан со нетрпение го очекуваат почетокот на новата сезона во италијанската Серија А, за на дело да ја видат екипата полна со засилувања.

Росонерите ова лето беа многу активни на трансфер пазарот, и одлучија на „Сан Сиро“ да доведат неколку звучни засилувања. Сепак, на првото место се наоѓа Леонардо Бонучи кој на изненадување на спортската јавност одлучи да го напушти Јувентус и да се пресели во Милан.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Трансферот на Бонучи од Јувентус во Милан изнесуваше дури 42 милиони евра, а сето ова не би било толку шокантно дефанзивецот да не најаваше заминување во Англија. Сепак, Бонучи во последен момент се предомисли и се пресели во Милан во сигурно најчудниот трансфер во последно време.

Иако само што пристигна во Милан овој искусен дефанзивец веќе влегува во историјата на Милан. Имено, Бонучи веднаш по доаѓањето ја доби капитенската лента и тоа ќе биде трет пат во историјата на клубот некој играч да дебитира со капитенската лента. Пред Бонучи, тоа го направија Давид Алисон и Џузепе Меаца.

Меѓутоа, последниот пат такво нешто се случи пред дури 76 години, кога Меаца дебитираше за Милан со капитенската лента. И ова е доволен показател дека на „Сан Сиро“ очекуваат многу од довчерашниот фудбалер на Јуве.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…